Три уметници ќе го одржат првиот концерт на групата “Трета генерација” во Public Room на 3 април (четврток) со почеток во 21 часот, каде ќе биде изведена нова оригинална музика. Дејан Петрович – Чапе (вокал и гитара), Дејан Марковски – Деки (вокал и гитара) и Пеце Трајковски – Брада (перкусии и хармоника) ќе претстават инструментално-вокален калеидоскоп.
Концертот ќе содржи 20 композиции, со уникатна можност за публиката да ја следи сценографијата и да ги чита текстовите од сцената. Групата се опишува себе си како три сродни души кои ги вткајуваат своите искуства во круг на соништата, рефлектирајќи го минатото, сегашноста и иднината.
Дејан Петрович – Чапе е дипломиран историчар и има диплома за дизајн на звук за визуелни медиуми. Работи како слободен продуцент на амбиентална и медитативна музика. Дејан Марковски е музички изведувач и автор со 15-годишно искуство, член на неколку бендови и работи на соло проект “Дејание”. Пеце Трајковски е музичар, член на групите Фолтин и Пијан Славеј, композитор на театарска и филмска музика, и организатор на културни настани.