Daily Events News Network_Site Logo_Original Size_2025

Ежедневни събития от Северна Македония

Последните новини от Северна Македония на Български


Скопски жител се блъсна в бетонна стена и билборд с автомобил, малолетен е тешко повреден

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера во Скопје, при што едно дете е тешко повредено. Околу 16:30 часот, на булеварот „Македонско-косовска бригада“, автомобил „БМВ“ со скопски регистарски таблички, управуван од 32-годишниот А.К. од Скопје, изгубил контрола и се забил во рекламен билборд и бетонски ѕид.

Во несреќата, еден малолетен патник се здобил со тешки телесни повреди. Возачот, уште еден малолетен патник и 25-годишниот С.С., сите од Скопје, исто така се повредени и им е укажана лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Полициски екипи извршија увид на местото на настанот. По наредба на јавен обвинител, возачот А.К. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.