Daily Events News Network_Site Logo_Original Size_2025

Ежедневни събития от Северна Македония

Последните новини от Северна Македония на Български


Резултати на АЛКАЛОИД АД Скопје за периодот јануари – март 2025 година

АЛКАЛОИД АД Скопје оствари вкупни консолидирани продажби од 84.5 милиони евра во периодот јануари – март 2025 година, со извоз од 57.4 милиони евра и инвестиции од 4.2 милиони евра.

Компанијата забележа зголемување на консолидираните продажби за 6% во споредба со истиот период минатата година, достигнувајќи 5,201,163,839 MKD.

Продажбата на домашниот пазар се зголеми за 24%, што се должи на активното учество на компанијата во обезбедувањето на современи терапии за ретки болести.

Во однос на регионалната застапеност, 32% од вкупните консолидирани продажби се реализирани на домашниот пазар, додека 68% се реализирани на странските пазари.

Најголем раст на извозните пазари, во споредба со минатата година, е забележан во Јужна Африка (3.8 пати), Холандија (3.7 пати) и Португалија (2.3 пати).

Во структурата на вкупните консолидирани продажби, најголем удел имаат производите од фармацевтскиот сегмент (92%), при што антибиотиците заземаат 29%, OTC препаратите 16%, кардиолошките препарати 12% и невролошките препарати 12%.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – март 2025 година изнесуваат 256,658 илјади MKD.

Индивидуалната добивка пред финансиски расходи, даноци и пред амортизација (EBITDA) бележи зголемување од околу 12%, додека индивидуалната нето добивка е зголемена за 4%. Консолидираната добивка пред финансиски расходи, даноци и пред амортизација (EBITDA) покажува раст од 8%, додека консолидираната нето добивка е зголемена за 3%.

Во периодот јануари – март 2025 година, во АЛКАЛОИД АД Скопје се реализирани 13 нови вработувања во Република Северна Македонија.

Акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје се котирани на официјалниот пазар на Македонската берза од 2002 година и се сметаат за едни од најтргуваните и најликвидни акции на Берзата.