Daily Events News Network_Site Logo_Original Size_2025

Ежедневни събития от Северна Македония

Последните новини от Северна Македония на Български


Каја Шукова критикува работата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со еколошкиот проблем во Вардариште

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска одржа прес-конференција на која ја критикуваше работата на ВМРО-ДПМНЕ и актуелната градоначалничка Данела Арсовска во врска со еколошкиот проблем во Вардариште. Таа ги повика на одговорност за, како што рече, еколошкиот хаос на оваа локација.

Шукова потенцираше дека Вардариште денес изгледа како „црна еколошка дупка“ и дека наместо трансфер станица, таму има отворена депонија со чести пожари. Таа ја оцени оваа состојба како резултат на „неактивноста на градот, односно неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивната Данела Арсовска“.

Според Шукова, градоначалниците се директно одговорни за управување со комунален и комерцијален отпад, јавна чистота, усвојување мерки за селекција и транспорт на отпад, спроведување проекти за подобрување на состојбата со отпадот и соработка со други општини и Град Скопје. Таа рече дека ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираат своите обврски да го решат овој проблем веќе четири години.

Шукова нагласи дека таа и СДСМ знаат како да го решат проблемот: „Итно оградување и 24-часовен надзор на Вардариште, со расчистување и забрана за пристап. Потоа ќе следува изградба на затворена, еколошка трансфер станица со систем за селекција, контрола и транспарентност. Вардариште ќе стане функционална, безбедна локација – не еко-бомба под прозорците на скопјани“.

Шукова го повика Орце Ѓорѓиевски на јавен дуел пред граѓаните: „Нека ги донесе сите свои ‘аргументи’ дека ќе го претвори Вардариште во парк. Јас ќе ги донесам фактите, законите и резултатите. Граѓаните ќе судат кој има решение, а кој само празни ветувања и пропаганда“.